Мурат Гасиев, кој е поранешен светски шампион полутешка категорија и актуелен боксер во тешка категорија, е на мислење дека би било тешко да се постигне тоа што го направи за својата земја сонародникот Александар Поветкин.
Рускиот боксер синоќа се врати во рингот, нокаутирајќи го Германецот Михаел Валиш (22-5) во четвртата рунда во главната пресметка на боксерската гала што се одржа во рускиот главен град Москва.
„Не мислам дека по повлекувањето на Поветкин одговорноста на главната надеж на Русија во тешка категорија лежи на моите гради. Ја работам својата работа, боксирам, се обидувам да победам. Споредбите со Саша веќе се предмет на публиката која ме гледа“, изјави Гасиев за Спорт експрес.
Гасиев има биланс од 28 победи (21 со нокаут) и само 1 пораз во професионалниот боксерски ринг.
Но, мислам дека сè уште сум далеку од Саша. Прво, тој е олимписки шампион и боксираше со многу подобри противници. Не можам да се споредувам со него. Но, ако треба, ќе се обидам да го достигнам неговото ниво“, заклучи Гасиев, кој има 27 години и е на 17-та позиција во рангирањето на boxrec.com меѓу најтешките.