Мунгуија со контроврезна одлука ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Се очекуваше дека Жаиме Мунгуија (33-0, 26 КО) во неговата најверојатно последна борба во супер велетер категорија ќе дојде до лесна победа.

Но, шампионот на ВБО во Монтереј излезе како победник дури со наклонетоста на судиите.

Младиот, 22-годишен Мексиканец со одлука на мнозинска одлука (114-114, 116-112, 115-113) го порази задолжителниот предизвикувач, 34-годишниот Ирец Денис Хоган (28-2-1, 7 КО).

„Знам дека ја добив борбата. Го знам тоа во моето срце и душа. Така сум разочаран по толку многу тренинзи. Дојдовме тука со добра верба и мислам дека никој освен овие кои ја бодуваа борбата и дозволија ова да се случи, не мислам дека загубив. Ова е лошо за боксот“, рече Хоган по борбата.

Дури и Мунгуија, кој е боксер на промоцијата на „Голден бој“ на Оскар де ла Хоја, смета дека не ја заслужува победата.

„Искрено, кога заврши борбата мислев дека ќе заврши со нерешено“, рече младиот Мексиканец.

Мунгуија веќе некое време планира да се пресели во средина категорија и ова може да биде последниот меч до 70 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON