Му даваат 3 милиони на Нгану за борба против „Руската кобра“

Шефот на Хардкор боксерска лига Анатолиј Сулјанов испрати видео порака до поранешниот шампион во тешка категорија Френсис Нгану (17-3). Суљанов му нуди на Нгану да се бори во неговата лига против Сослан Асбаров, попознат како „Кобра“.

Минатиот викенд стана јасно дека Нгану повеќе не е борец на УФЦ. Тој не потпиша договор со нив и си замина. Френсис ја ослободи титулата во тешка категорија и сега добива понуди од различни места.

„Имаме добри вести. Френсис Нгану конечно го напушти УФЦ. Френсис, имам предлог за тебе. Три милиони долари за една борба во Хардкор бокс на 18 март во Дубаи.

Ќе се борите со мојот шампион во тешка категорија, Сослан Асбаров. Веќе го испративме договорот до вашиот менаџер и чекаме одговор. Ајде да го направиме тоа!“, порача Сулјанов на социјалните мрежи.

Асбаров е 30-годишен Дагестанец со скор од 5-0 во бокс. Секоја борба ја добива со нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON