Викендов на Националниот семинар за лиценцирани судии (А,Б класа) и тренери 23 тренери се стекнаа со лиценци (12 со А класа, 11 со Б класа), како и 10 комплетни меѓународни судии.
Семинарот се одржа во салата на Таеквон-до клубот Хва ранг ИТФ во Лескоец-Охрид, под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас V дан.
„По зимскиот распуст и празниците, и покрај вирусите, одѕивот беше повеќе од очекуван, при што спортската сала беше преполна. Тоа не радува што имаме членови кои се лојални и се трудат да учат и да постигнуваат уште поголеми успеси. Ккао федерација, можеме да се пофалиме дека имаме 23 лиценцирани тренери од кои 12 се А класа, додека 11 од нив се Б класа, а имаме и 10 комплетни меѓународни судии, кои освен како бодовни, сега ќе можат да се и централни судии, а еден до нив (Давид Велковски) ќе биде судија на наредното Европско првенство во Талин, Естонија, 28.04 – 04.05 2025 година. Ќе нагласиме дека му беше посветено псебно внимание“, изјавува претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски.
Лазаревски најавува учеството на МТТФ на Меѓународниот турнир „Тирана опен 2025“ кој ќе се одржи на 22 и 23 февруари, и Државното првенство кое ќе се одржи на 15 март во Охрис во СРЦ „Билјанини извори“.