МТФ: Македонското олимписко таеквондо од целосно непознат спорт до водечки спорт во Македонија

„Првиот човек на макеоднското олимписко таеквондо д-р Борче Костовски го доби највисокото државно признание во областа на спортот „8 Септември”, награда за животно дело за врвни спортски достигнувања и меѓународна афирмација на Македонија“, велат од Македонската таеквондо федерација (МТФ) на Фејсбук по повод престижната награда на нејзиниот претседател и селектор на репрезентацијата Борче Костовски.

„Македонското олимписко таеквондо предводено од д-р Борче Костовски по кој знае кој пат се забетонира како водечки спорт во Македонија“, истакнуваат од МТФ и нагласуваат:

„Претседателот на МТФ постави нови државни спортски критериуми за тоа што значи врвен спортски резултат, што значи врвен спортски пристап и што значи да се биде тренер од светски калибар.

Македонското олимписко таеквондо од целосно непознат спорт, стана водечки спорт во Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON