Македонската таеквондо федерација (МТФ) вечерва ги прогласи најдобрите поединци, клуб и тренер за 2024 година. Најдобри сениори се Дејан Георгиевски и Милијана-Мила Рељиќ, додека Бутел е најдобар клуб, а Викторија Спасовски најдобар тренер.
Најдобрите во македонското таеквондо за 2024:
Најдобар клуб- ТК Бутел
Најдобар тренер- Викторија Спасовска
Најдобар сениор- Дејан Георгиевски(ТК Бутел)
Најдобра сениорка- Милијана Релиќ (ТК Тигри)
Најдобар јуниор- Филип Блажевски (ТК Бутел)
Најдобра јуниорка- Душица Бресалиева (ТК Штип)
Најдобар кадет- Теодор Стојановски (ТК Бутел)
Најдобра кадетка- Ведрана Тунески (ТК Бутел)
„2024 година беше исклучително успешна година за македонското олимписко таеквондо, а 2025-та ќе биде уште поуспешна“, велат од МТФ и нагласуваат:
„На официјалниот државен избор МТФ беше најуспешна спортска федерација во државата за 2024 година. Исто признание МТФ имаше и во 2021 година“.