Мовсар Евлоев го предизвика Александар Волкановски за крајот на јуни

Мовсар Евлоев е убеден дека тој треба да биде следниот предизвикувач за титулата на УФЦ во перо категорија.

Евлоев го предизвика на дуел Александар Волкановски фалејќи се со своите достигнувања. Александар Волкановски го победи Диего Лопез на УФЦ 314 во Мајами минатиот викенд. Со победата „Великиот“ по втор пат во кариерата го освои шампионскиот појас во перо категорија. Веднаш по борбата призна дека според него следен претендент треба да биде Мовсар Евлоев.

Непоразениот од Американскиот топ тим на својот Х профил јасно стави до знаење дека сака борба со Волкановски.

„Ги победив Диего Лопез, Алџамјен Стерлинг, Арнолд Ален и Ден Иге. Никој нема подобро искуство во перо категорија од мене, освен шампионот. Во оваа категорија имам најдолга серија на победи. Јас против Александар Волкановски на крајот на јуни годинава”, напиша Евлоев на социјалните мрежи.

Непоразениот 31-годишен Евлоев (19-0 ММА) ја доби последната борба со едногласна одлука над Алџамејн Стерлинг. Борецот во УФЦ се бори од 2019. Досега има остварено 8 победи под знамето на американскиот гигант. Евлоев се бори во перо категорија откако се приклучи на УФЦ.

Моментално е рангиран на 4-то место на ранг-листата на УФЦ во перо категорија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FREAK (@freak.mma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON