Моника Стефановска е петопласирана на Премиер лигата во Ротердам

Моника Стефановска (-61 кг) од Макпетрол во борбата за бронзениот медал е порзена од претставничката на Грција Василики Панециду со 2-1 на Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија.

Еден челинџ (првиот) е прифатен, вториот е одбиен. Имало две акции обострани акции, при што при првата на двете е доделено по еден поен, а во втората на Гркинката

Ова е најдобриот пласман на еден наш каратист во коло на Премиер лигата, односно петото место, а Виктор Крстевски од Металург е седми, додека Симона Заборска (Макпетрол)е девета.

Треба да се нагласи дебито на 18-годишната Ангела Мојсовска (-68 кг), која имаше 3 победи, а загуби од истата противничка како и Моника

Секако, едно од најпријатните изненадувања е Ферат Корбуличи (-75 кг) од Металург кој имаше четири победи во најбројната категорија. Тој имаше неклолку повреди и операции и ова е големо враќање на сцената.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON