Шампионот во тешка категорија Дионтеј Вајлдер важи за еден од најсилните борци во светот на боксот, а за тоа сведочат нокаутите, 41 од 43 противници.
Боксерите ширум светот зборуваа за моќта на ударот на Вајлдер, а Ерик Молина можеби најдобро го опиша ударот на Американецот.
„Вајлдер е најсилниот боксер во историјата на тешка категорија. Тој има најсилен удар и дефинитивно би можел да нокаутира дури и бик ако го погоди во глава. Ако ви допре било кој дел од главата, тогаш ќе ве испрати на спиење“, вели Ерик Молина.