Мокаев: УФЦ намерно го чува рекордот на Џон Џонс од мене (ВИДЕО)

Џон Џонс (27-1) моментално го држи рекордот за најмлад шампион на УФЦ. Тој ја освои титулата во полутешка категорија во 2011 година кога имаше само 23 години и 9 месеци. Сепак, со текот на годините, неколку момци имаа можност да го подобрат овој подвиг, но поради една или друга причина не успеаја. Друг таков е Мохамед Мокаев (12-0), кој дури ја обвини организацијата дека го оддалечила од шампионсиот меч.

„Верувам дека можев да бидам најмладиот шампион на УФЦ. Џон Џонс имаше 23 години и 9 месеци кога стана шампион. И јас имам 23. Мислам дека можев да го подобрам. Џон Џонс е ѕвезда и организацијата сака да го зачува неговиот статус“, изјави Русинот со британски пасош за Тајтл спортс нет.

Мокаев ќе зачекори во рингот на 28 јули против Манел Капе (19:6) на УФЦ 304 во Манчестер. Ова ќе биде само два дена пред да наполни 24 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON