МОК и ЏФМ го ангажираа Габриел Сапта за развој на џудото во Македонија

Bogoevski i gabriel sapata

За потребите на Џудо федерацијата на Македонија, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), го ангажираше ИЏФ експертот, м-р Габриел Сапта (Белгија), со едногодишен престој во Македонија за да работи на унапредување на националната џудо структура.

Sapata na seminar vo Kavadarci

Финансиските трошоци за ангажманот на ИЏФ експертот се во целост обврска на МОК и ИЏФ.
Денеска и утре во Кавадарци, Габриел Сапта ќе ги презентира новите правила во џудото, донесени од страна на ИЏФ, а и ќе раководи со проектот, според кој, во Македонија ќе бидат поставени четири џудо центри. Главен координатор на проектот ќе биде спортскиот директор Владимир Богоевски, додека ЏФМ ќе назначи национален координатор и главни тренери во четирите џудо центри кои ќе работат по специјална програма на ИЏФ експерот.
МОК верува дека со ова сериозно продолжување на инвестициите во развојот на националната џудо структура во Македонија, овој спорт ќе продолжи да се развива на највисоко можно ниво, а македонските џудисти ќе постигнуват високи спортски резултати на меѓународните спортски натпревари.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON