МОК го промени Статутот во корист на олимписките спортовии и стана ОКСМ

Македонскиот олимписки комитет од денеска и официјално е Олимписки комитет на Северна Македонија со одлука донесена на Собранието на оваа спортска организација.

Променет е и статутот на организацијата и беа изгласани нови членови на Собранието. Олимписките спортови подолго време бараа поголема улога во Олимпискиот комитет, а промената беше направена во координација со Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Со новите одлуки, Собранието во иднина ќе брои 53 членови, а мнозинството (29) ќе доаѓаат од спортските федерации кои се олимписки спортови, а 24 други делегати.

Васил Тупурковски, кој е претседател на Олимпискиот комитет уште од неговото формирање од 1992 година, во договор со опозиционерите останува на функцијата барем до Олимпсиките игри во Токио 2020 година. За потпретседатетели се поставени првиот човек на македонскиот бокс, Примислав Димовски и претседателот на кошаркарската федерација, Перо Антиќ.

Фото: Спорт1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО