Борењето во класичен стил може да биде исклучено од програмата на Олимписките игри 2024 година во Париз.
Ова го соопшти членот на Извршниот комитет на Меѓународната федерација за борење (ОСБ/ UWW) и вршител на должноста претседател на федерацијата во Азербејџан – Намиг Алиев.
„Во последно време, овој вид борба се чини малку заборавен, иако ОСБ се обидува да направи некои измени за подобрување на производот.
„Судејќи според дискусиите во Извршниот комитет на ОСБ, најверојатно класичниот стил (грчко-римски), нема да биде вклучен во програмата на Олимписките игри во 2024 година“, изјави Алиев за ТАСС.
Класичниот стил на борење е на програмата на Олимпијадата уште од нивното основање во 1896 година.
Беше отсутно само во 1990 година во Париз.