МОК ги испарти олимпијците: Соборување на рекорди-државни и евентуално изненадување (ФОТО)

Olimpijci 2016 rio

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска приреди свечено испраќање на учесниците на Летните олимписки игри (ЛОИ) 2016 во Рио де Жанеиро во Бразил (од 5 до 21 август).

Доколку резултатите им бидат подобри од нивните најдобри лични постигнувања, односно ако забележат нови државни рекорди, настапот на ОИ ќе може да се смета за успешен. Се под тоа би било неуспех и потфрлање, смета спортскиот директор на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Владимир Богоевски, во однос на очекувањата од шестмината македонски претставници во Рио.

Olimpijci natprevaruvaci 2016 Rio

На денешната свеченост нашите олмпијци беа облечени во опрема на Најк, со која ќе не претставуваат на Олимпијадата. Денеска во МОК присуствуваа џудистката Катерина Николоска, атлетичарите Дрита Ислами и Ристе Пандев и стрелачката Нина Балабан,. Недостигаа двајцата пливачи, знаменосецот на отворањето во Рио, Анастасија Богдановски и Марко Блажевски кои директно од САД, каде што тренираат и живеат, ќе допатуваат во Бразил.

Македонската олимписка делегација во Рио ќе биде предводена од Владимир Богоевски и медицинското лице д-р Зоран Ханџиски, како и шестмина тренери Ва­не Сто­ја­нов, Де­јан Ан­ге­лов­ски (атлетика), Боро Блажевски и Ерик По­се­ги (пливање), Сте­ван Кр­стев­ски (стре­лаш­тво) и Игор Па­ско­ски (џу­до).

На ЛОИ од Ма­ке­до­ни­ја ќе има и трој­ца су­дии, Ѓорѓи На­чев­ски и Сла­ве Ни­ко­лов (рако­мет) и Зоран По­пов­ски (тенис).

Во Рио, но надвор од официјалната македонска спортска делегација, како гости на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ќе патуваат и претседателот на МОК, Васил Тупурковски и генералниот секретар, Сашо Поповски.

– Македонските претставници во Рио ќе ја бранат својата спортска чест, но и угледот на својата земја. Ние како МОК направивме максимални напори, тие што поподготвени да заминат на овие Игри и да го дадат својот максимум – рече Тупурковски.

Очекувањата на спортистите и на нивните тренери се идентични со оние на МОК, постигнување најдобри времиња, лични и државни рекорди.

katerina Nikolovska vo MOK

Македонија е дел од олимпиското движење, а шестмината кои ќе ги бранат националните бои во Рио де Жанеиро се дел од олимпиското семејство. Од МОК велат медалите се водич за пат кон успехот. Императив на сите претставници на Македонија на ЛОИ во Рио де Жанеиро е соборување на државните рекорди, но секако неспорна е и желбата за финале или евентуален медал.

Шестмината се подготвуваа во изминатите четири години, а само Катерина Николовска која ќе се натпреварува во џудо ќе настапи со вајлд-карта. Покрај тоа, Николовска ќе биде и првата џудистка која ќе настапува под македонското знаме на Олимписки игри.

Katerina i igor vo MOK 2016

„Статистиката можеби не е на наша страна, но Катерина е во одлична форма. Тоа што ќе настапи со вајлд-карта не значи ништо, секогаш постојат изненадувања, да се надеваме дека и Катерина ќе ни приреди едно такво на овој спортски спектакл“ – истакна Игор Паскоски, тренерот на Катерина Николовска.

Николоска вели дека ќе даде се од себе и во секоја борба максимално ќе се вложи во секоја борба до последната секунда.

„Со добар жреб може да се надевам и на добар пласман“, изјави Николоска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON