Македонскиот олимписки комитет (МОК) ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2024 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички.
Најуспешна спортистка за оваа година е Милијана Рељиќ, која стигна до четвртфиналето во таеквондо на Летните Олимписки Игри 2024 во Париз, Франција.
За најнадежна млада спортистка беше прогласена Марија Димовска, која освои прво место во кик бокс маитаи на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија.
Признанието за женски тренер на годината го поделија Ивана Аврамова (карате) и Жаклина Стојановска (кошарка).
За најистакната спортска работничка беше прогласена Соња Спасовска од КФСМ.
Федерацијата која покажа посветеност и лидерство во унапредување на родова еднаквост за 2024 година е Фудбалската федерација на Македонија.
Признанието за најуспешно женско судиско дуо за 2024 година го добија Силвана Карбевска и Марија Илиева во ракомет.
Кикбокс маитаи тимот на Македонија беше прогласен за федерација со најголеми успеси.
Спортски подвиг на годината изведе Радмила Јованова, ултрамаратонка, додека наградата за животно дело ја доби Луиза Гашева.
Медиумот кој дава голем допринос во родовата еднаквост во спортот е Спортско радио 90,3 ФМ кое измонатиот период преку неколку проекти стави акцент во својата програма за улогата на жаните во спортот.
Ребека Јанковска Ристески беше наградена за нејзината заложба за деца со попреченост.
Признанија добија и Црвениот Крст, Волонтерскиот центар Скопје, Интернационалната полициска организација (ИПА) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за нивната поддршка и придонес во спортот.
Фото: Спортско радио 90,3 ФМ