Мојот пенис останува во гаќи, целата агресија ќе ја исфрлам на противникот

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер по трет пат ќе ги вкрстат ракавиците во рингот, утре во Лас Вегас. Ова ќе биде нивна трета борба, првата во декември 2018 година заврши нерешено, додека во ревнашот во февруари минатата година Фјури славеше со нокаут во седмата рунда и му го одзема шампионскиот појас на Вајлдер.

Фјури за крај на трилогијата порача дека ја сочувал силата со тоa што апстинирал од сексот.

„Не сум за секс пред борба. Сакам да останам силен. Не мастурбирам ниту еднаш неделно, камоли седум пати дневно. Не се сеќавам кога го работев тоа последен пат, изјави Фјури и порача:

„Мојот пенис ќе остане во гаќи. И онака е таму постојано, од таму ќе може да излезе дури после борабата. Сета агресија која ќе се собере во текот на апстиненцијата ќе ја исфрлам на протиникот“, објасни Фјури.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON