Ѕвездата во подем на УФЦ во мува категорија Мохамед Мокаев е задоволен од победата во дебито за организацијата. Минатиот викенд во Лондон го задуши Коди Дурден за 58 секунди и остана непоразен. Мокаев заработи бонус од 50.000 долари за добра изведба.
Има скор од 7-0-1 во ММА за професионалци и 23-0 за аматери. Мокаев е роден во Дагестан, но во 2012 година пристигнал во Велика Британија како бегалец со својот татко. Мајката на младото момче умира и тие решаваат да бараат подобар живот.
Мохамед не ја крие радоста поради тоа што некогаш преживувал со 5 фунти (6,6 долари) дневно, а денес има илјадници долари во банка.
„Порано земав 5 фунти дневно како бегалец. Сега земав 50.000 долари во Лондон откако победив на УФЦ. Ќе ја оставам оваа слика, затоа што може да мотивира некого“, напиша социјалните мрежи 21-годишниот борец.