Договорот беше борбата да трае осум рунди, без бодување од судии, а единствен начин предвреме да се заврши беше со нокаут. Но, Мејведер колку и да беше доминантен, сепак, не успеа да го скрши отпорот на аматерот, кој рака на срце беше и 16 килограми потежок од него. Двајцата боксери упатија вкупно 73 удари, од кои најголем дел во главата и телото на предизвикувачот, кој во најголем дел од борбата беше во одбрана, со цел да не дозволи да биде легнат на подот од далеку поквалитетниот противник.
„Со ова докажав дека нема ништо невозможно. Тоа што останав на нозе по битката со најдобриот е најдобар доказ“, изјави Логан.
Trading blows in round 4 💥👀 #MayweatherPaul pic.twitter.com/jrAn0Vzo9R
— All the Smoke Boxing (@atsboxing) June 7, 2021
„Во еден момент во борбата сфатив дека повеќе немам 20 години, па не можев да притискам како што сакав. Но и противникот се покажа пожилав отколку што мислев“, изјави Мејведер.
https://twitter.com/Wirjil/status/1401777284915343363?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1401777284915343363%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fza-dzhabe-krena-golema-vreva-mejveder-ne-go-nokautira-jutjuberot-logan-video