Американскиот актер, Мики Рурк, е со намера ова лето да се врати на професионалниот ринг,јави World boxing news.
Според зборовите на агентот Вадим Корнилов, се уште не е одреден датумот кога ќе се боори холивудската ѕвезда, како и името на идниот ривал. Во ноември минатата година Рурк се бореше по 20-годишна пауза. Актерот кој има 62 години го победи Американецот Елиот Сејмур, откако на два пати го испрати на подот со тешки удари. Така тој ја забележа седмата победа во кариерата, иако сите претходни успеси на Рурк беа во почетокот на 90-тите години на минатиот век.
Sепак, околу оваа средба изби скандал, бидејќи се покажа дека Сејмур е бездомник, на кого му е платено да симулира нокаут во втората рунда. Потврдата дојде од самиот боксер, според кого, сепак, Мики Рурк не бил во тек со договорот.
„Во моментов немаме конкретен ривал или датум , но со сигурност можам да кажам дека дека нема да биде загревање на Руслан Проводников. Можеби настанот ќе се случи малку подоцна. Мики е вистински борец и тренира не помалку од младите боксери . Тој е одличен пример за тоа како може да се одржи во добра спортска форма, без оглед на возраста“, изјави Вадим Корнилов.