„Ноќ на вечните – засекогаш со вас“ е ММА турнирот што ќе се одржи на 8 октомври во Велес во спортската сала „Гемиџии“.
Турнирот годинава ќе биде посветен на припадниците на безбедносните сили кои загинаа во Куманово во „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година.
Тогаш во вооружениот конфликт беа убиени осум припадници на македонската полиција и 37 беа повредени, додека 10 членови на вооружената група исто така беа убиени .
Од печат излезе и плакатот за овој настан кој е во организација на Спортскиот центар „Будо“ од Велес, ММА „Св. Јован Крстител“ и БК „Протектор“ од Гостивар.
Влезниците со популрана цена од 150 денари, а борбите ќе почнат во 19 часот.
Се очекува осум до десет борби да има на турнирот со познати домашни и борци од регионот.
Ipon.mk/В.Д.