По повод ослободувањето на Куманово 11 Ноември во сабота ќе се одржи Меѓународниот ММА турнир „Вечер на гладијатори“.
„Во изминатиот период имавме малку мака во поглед на обезбедување на борци, бидејќи се работи за краток временски период, меѓутоа и за тоа кратко време успеавме и покрај сите што ги имавме некои недоразбирања да нарпавиме квалитетни борби. Значи околу 6-7 борби се предвидени, значи ќе има во тешка категорија, а јас ќе се борам со противник од Србија, Милан Накиќ, доста искусен борец и се надевам на успех. Од нашиот клуб уште ќе се настапат Стефан Спасовски и Филип Наковски, во средна и лесна категорија“, вели тренерот на ММА клубот Куманово, Сашо Илиевски.
Во Куманово ќе настапат српските борци Бојан Накиќ, Милан Накиќ и Милош Николиќ, додека од нашите натпреварувачи, покрај претставниците од Куманово, ќе се борат и Пепи Велков од Струмица и Стефан Пецевски од Скопје.
Стефан Спасовски и Филип Наковски велат дека ќе настапат во две различни категории со надеж за што подобар успех пред кумановци.
Пред две недели Стефан Спасовски имаше една борба на ММА турнирот во Велес која ја изгуби со гушење во втората рунда.
„Тренирам повеќе од 10 години и ова е моја животна желба да се борам во мојот град и после толку години една недела пред натпреварот ја прифатив борбата, противникот е од Прилеп, не знам многу за него и не ме интересира, тука сум да се покажам во најдобро светло, да го претставам својот град, својот клуб. Се натпреварувам во категорија до 70 килограми“, рече повратникот во ММА Клуб Куманово, Спасовски, кој извесно време престојуваше во Австралија.
Стефан Пецевски кој речиси и не знае за пораз во последно време ќе се сретне со домашниот борец Филип Наковски.
„Се надевам дека ќе победам пред наша публика. Кик бокс тренирам повеќе време, со паузи околу седум години, но сега во последно време тренирам и ММА и сакам да се пробам, плус во Куманово се организира турнир и не можам да одолеам иако сум по приоритет кик боксер“, изјави Наковски.
Ipon.mk