ММА судија задуши борец кој го нападна откако беше нокаутиран (ВИДЕО)

Светската ММА сцена беше сведок на секакви настани и моменти низ годините и токму кога помисливме дека нема што повеќе да видиме … Изненадување!

Уште една ретко видена сцена се случи минатиот викенд на гала вечерта во Русија, а главен херој стана судијата на една од битките.

Предметниот меч заврши брзо. Еден борец беше нокаутиран по тешкиот удар во лицето, а буквално секунда подоцна беше готово кога судијата го прекина мечот. Па, не баш се, затоа што тогаш започна најлудиот дел.

Додека победникот ги вртеше победничките кругови, нокаутираниот борец започна да го напаѓа судијата, кој, пак, покажа одлична одбрана при обид за соборување и веднаш контрираше со совршена техника на задушување.

Неколку моменти подоцна, видно задоволниот судија го ослободи од зафатот и си замина од инцидентот со навидум задоволство на лицето. Видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи, каде што корисниците го оправдуваат нападот на борецот со губење на свеста и инстинкт за продолжување на борбата.

Други со потсмев го анализираа инцидентот и коментираа дека повредениот борец загубил два натпревари во рок од 10 секунди.

https://twitter.com/B1ackSchefter/status/1427338880697700363?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1427338880697700363%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fmma-refer-udushi-boec-kojto-go-napadna-sled-kato-be-nokautiran-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON