Камил Хаџиев, претседател на ММА организацијата ФНГ, вели дека Александар Емелијаненко е во лоша состојба и не престанува да пие.
Пред неколку дена за прв пат го видовме Емелијаненко по долго време. 39-годишниот ветеран гледаше во живо гала вечер на чеченската ММА организација АЦА.
Се виде дека не е во добра физичка состојба и во едно интервју не го негираше тоа. Александар откри дека им се прпуштил на празниците и дека има вишок килограми кои сега ќе мора да ги симне. Хаџиев му понуди битка на Емелијаненко, но без успех.
Во едно од неговите медиумски настапи, Гаџиев проговори за Емелијаненко.
„Александар е во лоша форма и не знам дали ќе може да се извлече од тоа. За него клиниката е како одморалиште. Таму одмара две недели, а потоа излегува и пие повторно. Тој треба да си помогне, но тоа е прашање на карактер. Секогаш станува тешко кога ќе одлучи да не пие.
Знам дека пие веќе неколку години и не запира. Имаше време кога не пиеше, а тоа беше кога тренираше во Грозни. Во битката со Имаилов, сепак, Емелјаненко изгледаше како човек кој не престанал да пие. Му понудив борба со Минеев во бокс, но кога го видов против Имаилов, сфатив дека тоа нема да биде можно.
Замислете, ако на вас ви преку глава од него, тогаш како му е на Федор. Тој видел повеќе и знае повеќе за Александар. Ако ние два пати сме се обиделе да го спасиме, тогаш замислете колку пати се обидел Федор. Разбирам зошто Федор не сака да се занимава со Александар“, рече Гаџиев.