ММА на Олимписките игри 2028 година!

Една од двете значајни светски ММА федерации онаа – IMMAF/ИММАФ (Меѓународна федерцаија за мешани боречки вештини) сака да ги види слободните борбите како дел од Олимписките игри веќе во 2028 година. ИММАФ планира посветено да работи напорно и да лобира во таа насока, но нивните планови беа откриени за нив во многу важна изјава која ја испратија до јавноста.

„ИММАФ е исклучително важна организацијата за сите професионални промотори и веќе сега се гледаме како ИММАФ талентираните борци стигнуваат до врвбите настани. Челниците на УФЦ се многу визионерски пристапија вп развојот на слободната борба и разбираат дека во професионалниот спорт мора да се негува и неговиот аматерски дел. Многу слично работи и Фудбалот“, напиша меѓу другите претседаетлот на Федерацијата, Керит Браун, и додаде:

„Како ќе расте аматерската платформа на борците, очекуваме идните ИММАФ борци да одработат цел олимписки циклус од четири години пред да отидат во професионалци. Аматерските ИММАФ правила и протоколи за безбедност што ги инкорпорираме, дозволувајќи им на борци да настапуваат дури четири пати во една недела, а истиот бројна борби професионалните го прават во една година. Замислете го калибарот на борци кои ќе излегуваат од една ваква селекција за неколку години. Тоа ќе бидат спортисти кои целиот живот тренираат исклучиво слободна борба, а во јуниорските денови се натпреваруваа на врвни меѓународни настани“.

На крајот на соопштението Браун додаде:

„Верувам дека ММА спортот може значајно да придонесе за Олимписките игри на многу начини. Тоа е атрактивен спорт за гледање, културно е исклучително значаен, а тука е и неизбежната енергија што ја носи со себе“.

Погледнете ја сликата на Твитер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON