ММА борец почина три дена по нокаут (ВИДЕО)

Натпреварувачот во мешаните боречки вештини борби (ММА), Рондел Кларк од САД, почина во болница по добиениот нокаут на мечот во Плимит, Масачусетс. Окружното обвинителство, локалната полиција и атлетската комисија на Масачустетс започнаа со истрага за смртта на овој млад спортист кој имаше 26 години.

Кларк како потенцијална ѕвезда, во саботата во градот Плимит се бореше против Рајан Дан, каде беше нокаутиран уште во третата рунда. После извршениот лекарски преглед , Кларк итно беше хоспитализиран во болницата во Бостон, на што им подлегна на повредите здобиени во борбата со Дан.

Медиумите веднаш се ,,докопаа” до интересни информации кои ќе им бидат од голема помош за истражителите, особено ако се знае дека Кларк беше аматерски борач, кој првата борба ја имаше во месец јуни.

За квалитетите на Кларк во рингот, говори и видеото од борбата со Џордан Боисверт. Но, клучното прашање е дали Кларк по само два месеца во рингот бил подготвен да се бори со искусен борач во рингот, на кое  истражителите дефинитивно ќе треба да одговорат и целосното да ги расветлат причините околу неговата смрт.

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON