Познатиот руски ММА борец Дмитриј Сосновски е осуден на 8,5 години затвор за учество во група за киднапирање. Во 2019 година, 31-годишниот спортист и уште други двајца киднапирле и тепале локален бизнисмен со барање да опрости долг од 400 илјади рубли.
Сепак, жртвата успеала да избега и им ги открила на полицијата напаѓачите, проследено со апсења и судење.
Сосновски беше меѓу најперспективните руски борци, со 11 победи од 11 натпревари во неговата биографија – една е против локалната ѕвезда Александар Емелијаненко со нокаут во 2014 година.