ММА борци поддржаа руски борец кој уби педофил за да спаси деца

Пред неколку дена, Окружниот суд Калинински во Уфа го осуди 34-годишниот Владимир Санкин заради убиство на 54-годишниот Владимир Зајцев, на осум години затвор. Адвокатот на Владимир Санкин рече дека одбраната има намера да ја обжали казната. Зајцев беше обвинет за развратни дела врз малолетници.

Вечерта на 30 јануари 2020 година, Владимир Санкин, во близина на куќа на улицата Петрозаводскаја во Уфа, се сретнал со пријател на тинејџер кој му се пожалил за постапките на Владимир Зајцев, велејќи им дека ги поканил со пријател во неговиот стан и ги замолил да се соблечат и да му нправата орални задоволства.

Еден од тинејџерите успеал да избега и го сретнал Санкин на улица и го замолил за помош. Владимир Санкин влегува во станот и започнува борба со Владимир Зајцев, која се разгорува и излегуваат во дворот.

Владимир Санкин го удира противникот со раце, нозе и делови од оградата на различни делови од телото. Освен тоа, ја задржал жртвата, која била без облека и обувки, долго да лежи на студ. Пристигнала полицијата и го прекинала конфликтот.

Владимир Зајцев починал во амбуланта од хипотермија. Истрагата смета дека осудениот го ограбил противникот. Сепак, судот ги преквалификува делото во намерно нанесување на тешка телесна повреда што резултирала со смрт и го ослободил од обвинение за разбојништво.

Зајцев е осудуван неколку пати, вклучително и за силување малолетничка. Во судот Владимир Санкин објасни дека се заложил за децата и ги бранел, но обвинителот ја негираше оваа верзија. Во одбрана на Владимир Санкин застана пет адвокати: Шота Горгадѕе, Алмаз Галиев, Викторија Каратаева, Ала Сенкевич и Булат Јумадилов.

Алмаз Галиев за Комерсант изјави дека тој и неговиот клиент сметаат на полесна казна. Тој истакна дека судот ги зел предвид олеснителните околности, особено незаконското однесување на Владимир Зајцев и фактот дека Владимир Санкин на семејството ги покрил моралните штети со покривање на трошоците за погребот.

Александар Шлеменко, Магомед Исмаилов, Пјотр Јан, Адам Јандиев, Маирбек Тајсумов и многу други ММА борци го поддржаа Владимир Санкин. Тие го прогласија за херој и повикаа на ослободување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON