Младите македонски боксери ќе настапат на „Златна ракавица-Балкан Гран при“ во Србија

Македонската боксерска репрезентација со 17 боксери ќе настапи на Меѓународниот младински турнир „Златна ракавица-Балкан Гран При“ во Србија од 17 до 21 фверурари.  

На турнирот ќе настапат боксери од Србија, Хрватска,Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Покрај настапот на турнирот македонската репрезентација за боксери родени 2002, 2003 и 2004 година ќе одработи и заеднички подготовки  со репрезентациите од регионот од денес па се до почетокот на турнирот.

На турнирот ќе настапат:

Ардијан Аземи, Шпетим Ајредини, Ардијан Џемаили, Рузѓар Асановски, Бекир Лимани, Хади Шехаби, Александар Ристоски, Суад Куртиши, Моника Стојковска, Давид Горгокеси, Аллен Рустемов, Елес Асанов, Дамјан Талимче, Ѓоше Ѓошов, Ресул Мамудов, Шеро Мамутовски и Ферид Хоџа.

Со боксерите ќе патуваат и тренерите: Васко Цубалевски, Лими Лима и Мухамед Алија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON