Младите кендоки од Сакура купот се враќаат со сребро и петто место

Младите македонски кендоки учествува на 30.Сакура куп во Будимпешта, Унгарија, при што Чоланчевски стигна до финалето со својот мешан тим и се закити со сребрен медал, додека Михаил Миленковиќ е петти во поиединечна конкуренција.

Ова е најголемиот турнир за младински категории во Европа на кој учествуваа земаа 12 земји со 200 натпреварувачи.

Јошин настапи со:

Меланија Крстевска (10-12 год)
Михаил Миленковиќ (10-12 год
Гордан Чоланчевски (13-15 год)
Давид Алексовски (13-15 год)
Димитар Крстевски (13-15 год)

„Нашите млади борци за прв пат имаа можност да се сретнат со противници од појаките европски земји. За нив ова беше огромно искуство. Сите излегоа од нивните групи и победија во 1/32 и 1/16 финале, но подоцна беа елиминирани во 1/8 односно 1/4 финалето. За појаснување треба да добијат 6 борби за да стигнат до медал.

Во индивидуалниот дел најдалеку стигна Миленковиќ кој имаше 5 победи и еден пораз со што ја доби наградата борбен дух“, вели тренерот Андреј Атанасовски и додава:

„Исто така, на турнирот се одржа и екипен дел во кој организаторот прави мешани тимови на пионери, кадети, помлади јуниори и јуниори.

Чоланчевски даде максимум во својот тим и стигнаа до финалето со што се закити со сребрен медал.

Нашите млади кендоки оставија трага на овој настан и се надеваме во иднина дека овој турнир ќе ни стане традиција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON