Во организација на БК „Спартак“ – Кочани, на 22 ноември ќе се одржи 18-от Меморијален турнир во борење „Андонов-Колев“ во чест на двете кочански боречки легенди.
На душекот ќе се појават голем број на борачи од помладите категории од повеќе клубови од државата.
Турнирот и годинава ќе се одржи во салата на ОУ „Никола Карев“ со почеток во 10:00 часот.