Младинските таеквондо репрезентативци на силен меѓународен Е2 турнир во Белград освоија пет медали.
Медалите ги освоија:
Теодор Стојановски – златен, кадети, со три победи над противници од Израел, Бугарија и Украина;
Филип Блажевски – сребен, јуниори, со две победи над Словенец и Хрват;
Андреј Василевски – бронза, две победи над Грк и Хрват;
Христијан Симоновски – бронза, јуниори;
Ведрана Тунески – бронза, кадети, победа над противничка од Израел.
Младинскиот репрезентативен тим беше предводен од помошник селекторот Викторија Спасовска.