Младеновски: Калкулациите го одложија 4-то коло во Регионалната лига, Пинк Пантер со нови засилувања

Четвртото коло во Регоналната боксерска лига кое требаше да се одржи овој викенд ќе биде одложено за 13 мај. Во меѓувреме, на 7 мај, првенството продолжува со петото коло. Тогаш, нашиот претставник Пинк Пантер во Штип ќе се сретне со Славијаод Бања Лука, клубот на легендата на југословенскиот бокс Марјан Бенеш.

„Дојдоа првите недоразбрања во Регионалната лига. Сега, кога сите си ги видоа квалитетите, а сите сакаат да бидат први, почнаа да прават свои сметки, да ги оддложуваат колата. Се би било во ред ако има и оправдани причини. Но, не е така. Можеби Сесвете и Војводина имаа оправдани причини, бидејќи во сабота и недела се одржува Државното првенство на Хрватска, а од овие боксерски клубови има повеќе хрватски боксери.. Сега и Лозница бара да се одложи средбата со нас. Наводно, салата и била зафатена за одбојка. Ние проверивме и се уверивме дека салата не е зафатена. Нешто друго се крие зад ова одлагање. Еден боксер на Лозница ја повредил аркадата, па сфатиле дека можат од нас да ја загубат средбата се исплашиле. По многу молби прифативме целото коло да се одложи. Во петок, 21 април,во Ваљево ќе имаме заедничка средба претставниците на клубовите. Ќе се договориме цврсто- да нема повеќе одлагање на средбите,да се почитува договорениот календар. Да нема одлагање без согласност на двете екипи. Ние сакаме првенстото да продолжи онака како што почна. Имаме договор со спонзорите за целото првенство и за превозот. Сега ќе имаме проблеми со спонзорите, односно со оние кои ни обезбедуваат превоз и хотелско сместување.. Измената на календарот на натпреварите не треба да се менува по желба на некој клуб..Затоа, во петок, во Ваљево ќе ги кажеме сите наши забелешки. Ова е последен пат да бидеме солидарни на наша штета, а во интерес на регуларноста на првенството. Во иднина, доколку некоја екипа неоправдано бара одлагање, средбата ќе ја загуби со службен резултат 16-0“, вели првиот човек на Пинк Пантер, Илија Младеновски, кој е и потпретседател на УО на Регионалната лига.

Штипјани за идните средби ќе се засилат и со двајца боксери на „Шкендија бокс“..
„Со Фатон Салиху , претседател на Шкендија бокс, имаме одлична соработка. Се договивме за нас да боксуваат двајца боксери во категориите до 69 и 81 килограм, бидејќи имаат повреди Дејан Ристовски и Илчо Јоновски. За нас ќе боксуваат Лулзим Исмаили и Лулзим Бајрами. Разговараме во нашата средина да дојде и еден бугарски боксер во супер тешка категорија“, додава Илија Младеновски, кој најавува успеси во средбите со Славија и на гостувањето во Лозница.

Инаку, за промајските празници во Белград ќе се одржи традиционалната боксерска манифестација „Белградски победник“. Најверојатно, на оваа манифестација ќе учествува и најдобриот македонски боксер, Гоце Јаневски, член на Пинк Пантер во Регионалната лига.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON