Вчера се одржа Националното кик бокс првенство на кое Шампион беше најсупешен клуб со освоени 22 златни, 9 сребрени и 12 бронзени медали, пред Гладијатор-Скопје (19-6-11) и Тим Зоран (12-6-6).
Од Федерацијата велат дека кикбоксот покажал оти е најмасовен и национален спорт бр.1 во нашата земја.
„Најдобрите наши кикбоксери шампиони го потврдија својот квалитет“, вели претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата Дејан Митровски-Урко, нагласувајќи дека Федерација е во постојан раст и оти има огромен напредок на голем број борци. Многу од нив на ова Национално првенство покажале одличен квалитет и подготвеност.
„Ни претстои уште многу работа и учества на многу турнири надвор од нашата земја, за да ги подготвиме за „пливање“ во меѓународните спортски води“, вели претседателот Дејан Митровски-Урко и додава:
„Нашите учества на меѓународните првенства непосредно зависат од поддршката и средствата добиени од Министерството за спорт. Искрено, се надевам дека Министерството за спорт оваа година ќе биде објективно и ќе помогне кикбоксот ги добие потребните средства, како и во изминатите години кога беше Агенција за спорт, за да можеме да ги реализираме зацртаните цели и очекувања на меѓународно поле предвидени во оваа година. Со години наназад секојпат сме ги оправдувале добиените средства и никојпат не сме разочарале со постигнатите резултати. Ветувам дека оваа година ќе го потврдиме или ќе го надминеме успехот од минатата година што го постигнавме кога бевме најуспешна и најтрофејна федерација во нашата земја со донесени од официјалните меѓународни првенства: две злата и едно сребро од Светското јуниорско првенство, едно злато и бронза од Европско сениорско и 9 злата, 12 сребра и 11 бронзи од Балканско сениорско и јуниорско.
На сите овие резултати од страна на Министерството за спорт не добивме можност за прием и, без објаснување, не бевме вреднувани соодветно според заслуженото за постигнатиот успех, како најуспешна федерација во нашата земја.
Нашата федерација е во постојан раст и секогаш има прилив на нови членови со кои сите ние тренерите работиме на подготовките да извадиме плус нови шампиони кои ќе ја претставуваат нашата земја во меѓународни спортски води.
Ние кога ќе излеземе на борилиштата не се задоволуваме со учеството и добро прикажаните борби, туку само со победи кои водат до злато и до врвот.
Меѓународните натпревари се еден вид спортска војна меѓу земјите, при што во вистинска смисла на војна, земјите кои ги испраќаат своите војници ги снабдуваат со потребно оружје, механизација, логистика, мотивација итн.. А во спортот, земјите своите спортисти на спортски настан ги испраќаат обезбедувајќи ги со соодветна спортска опрема боксерски ракавици, штитници за нозе, штитник за заби, кациги и патнички и сместувачки средства поврзани за учествување на тие настани, односно за спортисти да бидат таму присутни и дополнително мотивирани за својата земја да ја прикажат во најдобро светло постигнувајќи врвни резултати и победи.
Преку интонациите на државната химна се величи и промовира здравата нација и спортската моќ на една земја.
Бројката на кандидати за во нашата репрезентација расте. Слободно можам да ветам дека и оваа година повеќе злата од престојните европски и светски првенства кој ни претстојат.
Кикбоксот и оваа година ќе биде најуспешен национслен спорт“.
Сите резултати може да ги погледнете ТУКА