На денешниот избор и доделување на награди на најдобри спортисти, спортистки и тренер од Скопје во организација на Град Скопје и Сојузот на спортови на Скопје, Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија преку своите претставници од КБК Шампион, КБК Гладијатор и КБК Прокик фемили повторно се истакна со 5 наградени спортисти и тренер.
За најдобар спортист сениор во избор од 10 наградени е Бобан Илиоски од КБК Шампион Скопје, а 8-мо награден во истата категорија е Стефан Михајловски од КБК Прокик фемили.
За најдобар спортист јуниор во избор од 10 наградени е Силвио Мировски од КБК Гладијатор, а 6-то награден во истата категорија е Максим Митровски од КБК Шампион.
За најдобар тренер за 2024 година е избран Дејан Митровски – Урко претседател и селектор на Кикбокс маитаи федерација на Македонија и тренер на КБК Шампион.
„Оваа година повторно докажавме дека кикбоксот е национален спорт број 1 и затоа ги собравме наградите за најдобри спортисти и тренер и на градско ниво. Секоја награда е сосема заслужена и освоена со многу напор, пот, упорност и борби. Среќен сум што и оваа година сум прогласен за најдобар тренер на Град Скопје, но уште посреќен сум што за најдобри спортисти на Градот Скопје се избрани двајца кикбоксери Илиоски и Мировски, а наградени во плеадата се уште двајца Митровски и Михајловски“, изјави Дејан Митровски – Урко.