Измерени се сите учесници за утрешниот настан на Белатор 172, кој е предводен од Федор Емилијаненко и Мет Митрион, кој на денешното мерење имаше речиси десет килограми повеќе од рускиот борец.
Мет Митрион беше многу тежок, однонсо неговите 116,5 килограми е слична тежина како и во последната борба, што ја направи минатата есен против Оли Томпсон во Лондон. Федор тежеше речиси десет килограми помалку, што би можело да значи дека утре ќе биде побрз борец во кафезот.
Сите борци поминаа и задоволија, но проблеми имаше кај Џош Кошчек, и тоа не со тежината, туку со медицинските наоди. Тој е испратен да ги повтори некои тестови, а на крај испадна дека се е во ред и утре ќе ја отвори главната програма на настанот против Маурисио Алонсо.
Белатор 172 – резултати од мерењето (резултатите се во lbs)
Федор Емилијаненко (236) – Мет Митрион (257,5)
Патрики Фреир (155.9) – Џош Томсон (155.2)
Чеик Конго (241,6) – Оли Томпсон (230,7)
Вета Артеага (126) – Брук Мајо (126)
Маурисио Алонсо (169,5) – Џош Кошчек (169,9)
.