Мите Ашкилов најдобар спортист на Радовиш за 2017-та, Ратко Костов најдобар младинец

Мите Ашкилов од Маи таи клубот Комбат е прогалсен за спортист на Радовиш во 2017 година.

Џудистот Ратко Костов (Сенсеи) е најдобар младинец, Давид Спасов од ВК Бел Камен бајкс е најдомбар меѓу кадетите, борачот Стефан Димитров (Бучим – Радовиш) е најдобар  пионер.

Најдобра сениорска екипа е ФК Детонит јуниори, ВК Бел Камен бајкс кај младинците и УСК Никола Карев во кадетска конкуренција

Плакетата за тренер на годината му е доделена на Цане Николов од ФК Детонит јуниори.

Александар Стојанов и Трајан Ангелов од БК Бучим-Радовиш добија признанија за најдобар натпреварувач од Радовиш во странство и најдобар спортист ветеран.

Свеченото прогласување се направи вчера, а врз основа на објавениот оглас Комисијата за образование, спорт и култура и Советот на Општина Радовиш ги избраа најдобрите за 2017-та.

Други призннаија ги добија Здружението „Лебари исток“ за долгогодишна поддршка на спортот во Општина Радовиш. За посебни спортски достигнувања Мирко Мајиќ РК „Радовиш“ – најдобар странски играч. Живко Андонов – посебно достигнување во училишниот спорт во 2017 год.; Венко Стојанов, ППК Радовиш – најталентиран спортист; Благица Лазарова од ТК Ас – најталентирана спортистка; Мартин Сарамандов од КК Плачковица-баскет- најнадежен кошаркар; Неда Поцкова ЏК Сенсеи – спортска надеж – помлади пионери, Илијана Ристов исто така од Сенсеи – спортска надеж – помлади пионери. Илија Манев – рекреативец на годината. Плакета за долгогодишен придонес во развојот на спортот во Општина Радовиш е доделена на Димитар Јованов.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON