Мите Ашкилов ќе настапи во воведните борби на настанот Сенши во Варна, Бугарија, на 23 февруари против Николај Јоргов во категоријата до 81,4 кг.
Јоргов настапувал за Бугарија во кјокушин кај карате во во Јапонија, додека нашиот Мите Ашкилов настапува во мај тај и во кик бокс.
Како што дознаваме, Ашкилов и Јоргов се познаваат од мај тај камповите во Бугарија, така што нивната средба ќе биде интересна од многу аспекти за публиката во Варна.
Главна борба на вечерта е онаа за европската на титула на ВАКО ПРО меѓу нашиот шампион Бобан Илиоски и правкот на Бугарија Јордан Јанков во К-1 до 81,4 кг.
Ipon.mk