Мишел Переира најави дека ќе се соочи со Ентони Хернандез.
Тие ќе се пресметаат во средна категорија. Борбата ќе се одржи на настанот УФЦ 306 кој ќе се одржи на 14 септември. Локацијата е Лас Вегас во уникатната сала „Сфера“. Ова ќе биде дебито на Дана Вајт и неговите луѓе во „Сфера“. Досега за настанот имаат инвестирано 17 милиони.
Переира има скор од 31-11-2 во ММА и е во победничка серија од 8 борби. Тој во последната борба го победи Игор Потиерија на почетокот на мај годинава во Бразил. Мишел завршува 20 од неговивите борби, а паѓа до финишот 2 пати. Во последните 4 борби Переира доби бонуси од по 50.000 долари за неговите добри настапи. Има 9 победи и 2 порази под знамето на УФЦ.
Хернандез има 12-2-1 во ММА и е во серија од 5 победи. Во последната борба во февруари годинава го победи Роман Копилов. Ентони заврши 10 од неговите борби и има 2 порази со прекин. Победи на 6 од 8 борби под знамето на УФЦ. Хернандез е поранешен шампион во ЛФА.
🚨 Michel Pereira says he'll be fighting Anthony Hernandez at the Sphere 👀#UFC #MMA pic.twitter.com/Z7GaxeTuhp
— Championship Rounds (@ChampRDS) July 2, 2024