Силивио Мировски славеше против Страхиња Савиќ од Србија со 3-0, a Горјан Ристовски над Милош Богуцки од Полска со 2-1 на Европското првенство за постари кадети и јуниори во Будва, Црна Гора, и се пласира во поуфиналето, а со тоа обезбедија бронзени медали.
Утре продложуваат натпреварите и очекуваме уште радосни вести од нашите кикбоксери.
На ЕП ќе настапат 1163 кикбоксери со 1466 натпреварувачки влезови од 39 држави.
Резултати – ЕП кик бокс-Будва, Црна Гора:
Кик лајт – постари кадети
-47 кг Исмаел Туркер – Роман Николаш (Унгарија)/ Решут Ксавиер (Полска) ¼ финале
Лоу кик – јуниори
-48 кг Олгица Орешкова – Кристина Иудина (Русија) ½ финале
К-1 – јуниори
-57 кг Силивио Мировски – Страхиња Савиќ (Србија) 3-0
-71 кг Горјан Ристовски – Милош Богуцки (Полска) 2-1
-65 кг Миа Тодорова – Донета Менџики (Косово) ½ финале