Силвио Мировски забележа победа со нокаут во третата рунда на Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори во Будимпешта, Унгарија, и се пласира во полуфиналето, обезбедувајќи најмалку бронзен медал.
Мировски славеше против Челик Мемет Тана од Турција.
„Силвио победи со прекин во третета рунда на 15 секунди до крајот на борбата. Противникот беше во водство во сите три рунди, а Силвио не се бореше во негов стил. Беше премногу пасивен, но ка крај ја извојува победата со прекин“, вели селекторот Дејан Митровски.
Следат настапите на Мировски, Марија Димовска и Лука Змејкоски.
На СП учествуваат 2256 спортисти со над 3092 натпреварувачки влезови од целиот свет, односно 68 држави.
Резултати Светско првенство за кадети и јуниори:
Лоу кик
млади јуниори
-60 кг
Марија Димовска – Јелена Стојановиќ (Босна и Херцеговина) ½ финале
+81 кг
Лука Змејкоски – Владислав Лендел (Украина) ½ финале
постари јуниори
-71 кг
Силвио Мировски – Челик Мемет Тана (Турција) 0-3 ТКО Р3 ¼ финале
Силвио Мировски – Атсанас Димов (Бугарија)
К-1
постари јуниори
-71 кг
Максим Митровски – Нажибула Ирисматов (Казахстан) 0-3 1/8 финале