Мирор: Џошуа – Пулев на 28 октомври во Кардиф

Британскиот весник Мирор објави дека Ентони Џошуа ќе се бори со Кубрат Пулев на 28 октомври во Кардиф. Мечот ќе се одржи на 50 – илјадниот стадион кој има подвижен покрив. Весникот го цитира Еди Херн.

„Промоторот на Џошуа – Еди Херн, знае дека мечот со Пулев тешко ќе се продаде толку добро, откако шампионот обедини две од титулите во епската победа над Кличко пред 90-илјади гледачи на „Вембли“, пишува Мирор и истакнува: „Херн се надева дека борбата под покривот на стадионот, каде што Џо Калзаги го победи Микел Кеслер пред 50.000 гледачи во 2007 година ќе побуди интерес кај луѓето“.

Мирор нагласува Џошуа веќе го почнал тренинг кампот за средбата. Пулев уште не потврди дали ќе се бори на тој датум. Тој на неговата Фејсбук страница дека не се согласил со промотерите на Зауерланд и дека сака повеќе време да се подготви за средбата.

https://youtu.be/wuW0rewZNcw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON