Колку голема трага оставил Мирко Филиповиќ во земјата на изгрејсонцето сведочи гестот на јапонскиот амбасадор во Хрватска.
„Вечерва госпдинот Кеиџи Иде, јапонскиот амбасадор, ми направи голема чест поканувајќи ме на вечера во чест на крајот на својот мандат во Хрватска, како свој почесен гостин. Колку моите Јапонци ме ценат и почитуваат е вистинско чудо“.
„Понекогаш се прашувам со што ја заслужив таа почит и таковиот третман. Ви благодарам, господине Иде и нека ви е среќен патот во вашата татковина“, напиша Кро Кап на Фејсбук и објави фотографија со амбасадорот.