Мирко Флиповиќ: Ќе го поддржам син ми ако одлучи да се бори (ВИДЕО)

Kro kap naj kik udar

Мирко Филиповиќ се појави во познатото шоу ММА час со Ариел Хелвани. Во разговорот кој траеше повеќе од половина час, Кро Кап главно претежно зборуваше за суспензијата и повредите, што доведе до употреба на хормонот за раст, но тој зборуваше за своите планови во иднина и на други теми.

„Некои луѓе на почетокот се мотивирани од пари и кариера,а таа е добра мотивација, но некогаш сте гладни и не сакате да ја изгубитегордоста и тоа е посилна мотивација“, го почна разговарот Мирко со Хелвани.

„Имав сериозна повреда на рамото, но тоа не е единственото нешто, ризикував и кинење на тетивите, едноставно не можеше да ризикувам, а тоа беше болно. По борбата со Гонзага, повторно го повредив коленото, но не зборував за тоа. Веќе имав четири операции на десната нога, што ми правеа проблеми, особено на тренинзите. Во борбите најчесто удирам со левата нога, што бара ротација со десната. Тоа ќе беше полесно ако ме болеше левото колено, затоа што тогаш не би го чувствувал притисокот врз неа. Го обложував коленото со мраз. Имав чувство дека постојано ми отечено. Ја повредив тетивата на десната нога, поради што не можев да ја прифатам борбата летото што ми ја понуди УФЦ. Им реков дека може да се борам само во почетокот на октомври.

Големи паузи се тоа меѓу мечевите за борец на моја возраст. Продолжив со тренинзите, но немаше борење. Тетива беше блиску до напукнување по две недели. Немав време за луксуз за да ги известам. Да го најавев земањето на хормони за раст, се ќе беше во ред. На моја возраст нема време да се чека половина година меѓу борби. Ќе доживев нови повреди и не го можев повеќе тоа. Јас направив 79 борби, наполнив 41 години и сум полн со повреди. Тренингот веќе не ме радува. Имав долга и успешна кариера, но сè треба да прекине еднаш и мислам дека ова е паметно и најдобро решение за мене.

Имав сериозни повреди во борбата против Рој Нелсон. Го скршив бицепсот и тетивата на последниот спаринг тренинг, но решив да ја одработам борбата, иако повредата беше сериозна и докторот рече дека не би имал добра контрола на раката. Тоа беше грешка и си реков дека никогаш нема да се борам ако не сум подготвен“, изјави Филиповиќ.

Сепак, Кро Кап е среќен што имаше среќа и за разлика од многу борци ја заврши кариерата во добри услови.

„Ова е насилен спорт и крајот во повеќето случаи е насилен. Или одиш во пензија поради повреди или добиваш отказ поради неколку порази и тоа е вистината на овој спорт, тоа е закон. Среќен сум што си заминав по големата победа. Јас го освои К1, се вратив во УФЦ и го одработив реваншот со Гонзага што ми беше многу важно, се борев во Јапонија, што повеќе може да посакам“, заклучи Мирко.

Хелвани го праша Филиповиќ дали жали за нешто.

“Нема смисла да жалам за нешто, не сум таков човек. Се разбира, би сакал да го променам секој пораз во победа, но тоа е животот. Доаѓаат млади таленти и не е можно да останете недопрен во овој спорт. Горд сум на себе и мојата кариера. На некој начин самиот се створив и немав големи тренери. Ми беше тешко да научам граплинг и борба во пратер, бидејќи бев кикбоксер. Пронајдов енергија и сила, бев стрплив, учев од најдобрите, тренирав со Вердум, беше забавно и не жалам за ништо“.

Мирко целиот живот го помина како борец и дека не е сигурен како да го помине слободното време, која сега го има повеќе од кога и да е.

“Се уште сум во шок и не одам во кревет пред 3 часот наутро. Не се работи за пари. Тоа е се што знам, тренинзи, патувања, тоа е мојот живот во последните 20 години. Но, еднаш на се му доаѓа крајот, јас сум човек, а не робот. Уште сум во шок. Не сакам да тренирам и да се борат со болки, па ова е дефинитивно најдоброто решение. Ввелат дека „никогаш не вели никокаш“, но на оваа возраст се сомневам дека ќе се вратам.

Навистина не знам со што ќе се занимавам сега. Ќе се одржам некои семинари во Хрватска за бесплатно, но освен утринските тренинзи не знам како ќе го тепам времето. Ќе смислам нешто“, истакна Кро Кап.

Меѓутоа, подоцна во интервјуто рече дека ќе се посвети на тренинзите на нејговиот син:

„Јас ќе го тренирам син ми, кој има13 години. Тој е многу талентиран и ќе го вложам времето во него Ќе го научам да се бори. Веќе тренира борење и БЏЏ. Левак е и фрла луди „високи удари“, ‘исто како мене. Голем и силен за неговата возраст, иако не сакам да бави со во овој спорт. Но штом ќе одлучи да се бори, јас ќе го поддржам, но се надевам дека нема да стане професионален борец“.

Се осврна и на фактот дека во Сеул требаше за прв пат требаше да настапи без своите карактеристични шорцеви со шаховницата.

„Зборував со УФЦ и беа коректни, но не можеа да ми дозволат да се борам во своите коцкасти гаќички. Можеби некоја повисока сила не сакаше да се борам и без нив. Но, беа коректни и ја почитувам нивната одлука“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON