Хрватската легенда Мирко Филиповиќ – Кро Кап е избран за почесен претседател на локалниот синдикат на ММА.
Организацијата е основана од борците Дражен Форгач, Игор Покрајац и Зелг Галешиќ, кои беа мотивирани од фактот дека мешаните боречки вештини добиваат се поголема популарност во земјата и се организираат се повеќе и повеќе аматерски турнири. Главната заслуга за ова, секако, ја има шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ, кој има хрватски корени.
„Момчињата ме прашаа дали сакам позиција на почесен претседател. Веднаш ги поддржав, но предупредив дека нема многу да и користам на оперативен план. Немам време и зафатен сум со други работи. Ќе праваме семинари за борци, спортисти, можам да одам на меѓународни конгреси. Тренирав сам во теретана, и сега го правам тоа, се разбира полесно. Не ми требаше ММА-сојуз, Јапонците ми се јавија, се подготвував и се борев. Тоа е тоа. Сега ситуацијата е поинаква. ММА расте како спорт, станува се поорганизиран и има предност пред боксот, многу повеќе млади тренираат ММА“, изјави Кро Кап за хрватските медиуми.