На Државното првенство во џудо за сениори и пионери кое се одржа на vвчера во Скопје Миоки се претстави во одлично светло во сениорска конкуренција освојувајќи 12 медали – 4 златни, 5 сребрени и 3 бронзени и беше еден од најуспешните клубови.
Медалите ги освоија:
Азра Заими – злато
Христина Дескова – злато
Борјана Поп – Атанасова – злато
Увејс Фејзулаху – злато
Ханија Друштинац – сребро
Ива Богдановска – сребро
Ангела Ставрова – сребро
Астрит Исмаили – сребро
Владо Настевски – сребро
Моника Стојковска – бронза
Георгина Блажеска – бронза
Арбен Сејди – бронза
Во категоријата пионери (У15), џудистите на Миоки освоија 9 медали: 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени.
За место на пиедесталот, во пионерска конкуренција, се изборија:
Емилија Паскоска – злато
Филип Митревски – злато
Марко Панчевски – злато
Хамида Друштинац – сребро
Нина Панчевска – сребро
Илина Блажеска – сребро
Матеа Ефтимова – бронза
Ерик Крстев – бронза
Петар Давчев – бронза
„Задоволни сме од прикажаното. Резултатите на нашите џудисти недвосмислено ја потврдуваат мотивацијата и подготвеноста на џудистите, како и посветеноста, супериорноста во тренажниот процес и имплементацијата на современата методологија и спортска стратегија од страна на тренерот м-р Игор Паскоски“, истакнуваат од клубот.