На Државните првенство за сениори и помлади пионери во Струга изминатиов викенд Миоки е најуспешен во сениори, со освоени 10 медали – 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени.
Во помлади пионери џудистите на Миоки се закитија со 6 медали – 1 златен, 4 сребрени и 1 бронзен медал.
Од вкупно 19 натпреварувачи 16 се закитија до медали.
Медалите го освоија:
Сениори
Ива Богдановска – прво место -52
Борјана Поп Атанасова – прво место +78
Џенифер Реино – прво место -57
Увејс Фејзулаху – прво место +100
Моника Стојковска – второ место -57
Ратко Костов – второ место -81
Ангела Ставрова – второ место -63
Георгина Блажеска – трето место -48
Азра Заими – трето место -52
Наталија Динова – трето место -63
Од клубот велат дека одличен настап кај сениорите имале Кристијан Цветковиќ и Озкан Реџеп.
Помлади пионери
Хамида Друштинац- прво место -32
Ерик Крстев – второ место -46
Виктор Трчков – второ место -60
Тома Винокиќ – второ место -50
Емилија Паскоска – второ место -36
Матеа Ефтимова – трето место -40
Се истакнала и Нина Панчевска (5 место).