Џудо клубот „Миоки“ утре и во недела со два тим ќе настапи на три меѓународни турнири, на Борса опен во Мостар-Босна и Херцеговина и во Краљево, а потоа во Бечеј, Србија.
На турнирот во Мостар ќе настапат: Трајче Талевски (-22 кг), Хамза Јашари (-55 кг) и Никола Мајновски (-60 кг).
На турнирите во Краљево и Бечеј џудистите на Миоки ќе ги предводи носителката на бронзени медали од балканските првенства (кадети и сениори) Берна Шерифовска (-57 кг), а ќе нстапат и Христина Дескова (-52 кг), Наталија Динова (52 кг) и Еди Шерифовски (-66 кг).
ipon.mk/В.Д.