Миочиќ во пресрет на мечот против Џонс: Подготвен сум, одлично расположен и максимално фокусиран на борбата

Стипе Миочиќ за две недели се враќа во октагонот. Американскиот борец со хрватско потекло се бори на 16 ноември на настанот УФЦ 309 во Њујорк против актуелниот шампион Џон Џонс за титулата во тешка категорија.

Тоа ќе биде прва борба за најдобар УФЦ тешкаш во историјата по пауза од повеќе од три и пол години. Последниот me; на Миочиќ беше во март 2021 година кога загуби со нокаут во втората рунда од Френсис Нгану.

„Искрено, многу сум возбуден“, рече Стипе Миочиќ во подкастот на Џејк Пол:

„Тој момент пристигна. Натпреварот требаше да се случи пред една година, но Џонс се повреди. Подготвен сум, одлично расположен и целосно фокусиран на борбата“.

Поранешниот шампион последниве месеци напорно се подготвуваше, а на социјалните мрежи често објавуваше видео или фотографија од тренинг.

„Џон Џонс има многу вештини, но јас се подготвувам за се. Нема да го чекам, ќе го наметнам мојот план“, изјави 42-годишниот американски борец со хрватски корени, притоа откри дали мечот против Боунс ќе му биде последен во кариерата:

„Не знам. После секој меч велам дека ќе се повлечам. Ќе видиме после борбата“.

Стипе верува дека Џејк може да има и успешна ММА кариера покрај боксот.

„Апсолутно. Џејк има добра рачна работа, која ја видов во живо. Тој е поранешен борач, па знае како да го направи тоа“, рече Стипе Миочиќ и подвлече:

„Во борба на партер треба да бидете паметни за да не се доведете во лоша позиција. Не смееш да му дозволиш на противникот да ве задуши или да бидете фатен во лост. Ако си паметен и го слушаш тренерите, сигурно ќе успееш“.

Миочиќ се осврна на неодамнешниот боксерски меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол и му даде предност на триесет години помладиот борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON