Миочиќ: Знам дека сум подобар од Кормиер

Стипе Миочиќ се уште смета дека му должи реванш Даниел Кормиер за титулата на УФЦ во тешка категорија. Миочиќ не влегол во кафезот од јули 2018 година, кога на УФЦ 226, тој му го отстапи златниот појас на поранешниот олимписки борач. Миочиќ имал одреден успех во борбата, но ДК не се отстапуваше и наметнуваше борба од близу. Борбата заврши со нокаут во првата рунда и нов шампион во УФЦ во тешка категорија.

Оттогаш Стипе бара начин да ја поправи својата грешка. На новинарско прашање дали мисли дека има поголеми шанси за победа во можниот реванш.

„О, се разбира. Сто проценти. Сметам дека сум подобар борец. Знам дека сум. Во срцето го чувствувам тоа. Се борам за ќерката. Чувствував дека ја добивам битката, но почнав да излегувам од ритам и не почитував планот за борбата. Почнав да го правам она што вообичаено го правам и не го слушав аголот. Тогаш ме пресретна со удар кој не го видов. Кормиер не удира толку силно колку што удирај Френсис Нгану. Само ме погоди точно таму каде што требаше“, рече Стипе.

Сé уште не е познато кој ќе му биде противник во следниот дуел на Даниел Кормиер. УФЦ објави дека тие сакаат меч со суперѕвездата Брок Леснар, но ништо не е сигурно. Кормиер истакна дека мисли оти заслужува да добие реванш тој што го сака. Другиот херој од блиската иднина на ДК – Џон Џонс, неодамна објави дека бил отворен за нов судир меѓунив. Опциите за големи и атрактивни борби, пред речиси 40-годишниот спортист, не се малку, но прашање е колку време ќе се бори во кафезот, затоа што најавува повлекување.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON