Стипе Миочиќ ја коментираше ситуацијата околу потенцијалната борба со Џон Џонс.
„Коски“ во исто време признава дека „Пожарникарот“ може да биде преголем залак во овој момент, но и дека шампион во тешка категорија не е доволно голема ѕвезда за суперборба.
„Слушнете, ќе се борам со кого било. Ако УФЦ сака да се борам со Каин Веласкез, ќе се борам со него, ако сакаат да се борам со Антони Џошуа, ќе се борам со Џошуа. Навистина не ми е грижа. За се што размислувам во овој момент е уривањето на рекородот во тешка категорија. Јас мислам дека сум релевантен. Не знам што зборува Џонс. Можеби немам навивачи како него на социјални мрежи, но јас во моментов сум ирелевантен и ќе видиме“.
„Јас сум најлошиот човек во светот со причина. Тој може да мисли што сака. слушнете, на крајот, јас сум релевантен“, рече тој за FloCombat.
„Сто отсто сум поголем ризик за него отколку Брок Леснар. Без прашања. Тоа би била голема борба. Не разбирам зошто тој смета дека не би била. Се борат најдобрите паунд-фор-паунд борец и четвртиот од ранг листата. Двајцата сме шампиони и тоа е борбата што сакаат луѓето да ја видат, но, во моментов јас сум ирелевантен, па ќе видиме“.
„Мислам дека стилски одам со секого. Имам страшен стил за да се носам со него и јас секогаш во борбата влегувам подготвен. Ги имам најдобрите тренери и колеги во светот, па, без разлика со кој се борам, од борбата ќе излезам како победник“.
„Професионалец сум со причина. Јас сум борец. Јас не ги прозивам луѓето. Со кого и да сакаат да се борам јас ќе се борам. Не ми е гајле“.